МОРНИЧАВО ВИДЕО: Родители екстремисти го снимиле моментот на збогување со ќерките кои извршиле бомбашки напад!

На интернет се појави морничава снимка од родители кои се простуваат од своите две ќерки, кои под нивно влијание одат во самоубиствен напад.

 

ilamisti-roditeli

На снимката се гледа маж, кој двете девојчиња на возраст од 7 и 8 години, ги учи како да го извршат нападот. Потоа ги прегрнува жена облечена во бурка. Наводно девојчињата се викаат Ислам и Фатима.

На снимката се гледа препознатливото црно-бело знаме на ИСИС, а во позадина може да се слушне музика каква што ги проследува пропагандните видеа на терористичката група.

Двете девојчиња кажуваат „Алах икбар“ (Бог е голем).

Според сириските медиуми, мажот и жената на снимката се родителите на несреќните девојчиња.

islamisti-roditeli1

Мажот во еден момент ја прашува жената зошто девојчињата толку млади ги испраќа во џихад, а жената спремно одговара: „Џихадот не знае за години и секој муслиман мора да учествува во него“.

Човекот за кој се верува дека е татко на двете девојчиња прашува една од нив: „Што ќе правите денес?“, а таа смирено му одговара дека ќе „изведе самоубиствен напад во Дамаск“.

Инаку, најверојатно станува збор за неодамнешниот напад врз полициска станица во сириската престолнина Дамаск, во кој беше далечински активирана бомба која беше поставена на девојче кое влегло во станицата.

3b731f7f00000578-4054312-a_seven_year_old_girl_calmly_walked_into_a_damascus_police_stati-a-26_1482311572754

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.