Бардот на прилепското новинарство е нов директор на прилепската градска библиотека “Борка Талески”. Претходно беше дел од тимот што се грижеше за транспарентноста во работата на Градоначалникот на Општина Прилеп.
Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа таа беше и постојан дописник на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија – Прилеп.
Соработувала во многу македонски печатени и електронски медиуми во одредени периоди од кариерата – Македонско Радио, Канал 77, Дневник, Вест…, а беше и редовен дописник на Утрински Весник. Дописник беше и на неделникот АМН, што се печати на македонски јазик во Австралија.