Можност за користење на средства од Програмата за рурален развој

IMG_7528

Во тек е повикот за доставување барања за користење средства од „Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој“,  за 2016 година, за инвестиции во земјоделска опрема и механизација, за житни и индустриски култури.

Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2016 година, а барањата се поднесуваат електронски, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2016 година.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените трошоци за инвестиции. Ставката на ко-финансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога земјоделските стопанства се лоцирани во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.