Вчера во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп, 26-годишниот М.Б. од селото Новаци, управувајќи мотоцикл „Кавасаки ZX-IOR“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
МВР денеска јавува дека тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.