Младеноски: “Градоначалниче, не ветивте дека ќе ги вработувате само вашите роднини и децата на функционерите??” (Видео)

Иако во предизборните кампањи ветуваа дека ќе ги вратат младите, она што денес може да видиме е дека младите ја напуштаат Македонија како никогаш претходно. Оваа централна и локална влада која ветуваше живот за сите, го донесе животот само за најблиските роднини и пријатели. Истакна на денешната прес конференција Иван Младеновски, член на извршниот комитет на Унија на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Ветуваа европски Прилеп, ветуваа нови работни места, а досега не донесоа ниту една, ама баш ниту една нова инвестиција и фабрика. Уште се фалат со фабриките против кои држеа прес конференции, кои беа отворени во време на ВМРО-ДПМНЕ. И наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции, тие се занимаваат кој повеќе роднини и пријатели да си вработи на државно.

Градоначалниче Јованоски, во предизборната кампања ветувавте реновирање на старата „Соколана“ позната како сала „Партизан“, ветивте изградба на нова спортска сала во ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“, формирање на Совет за спорт во Прилеп, во соработка со владата ветивте спортско рекреативен центар во сала Македонија со покриен базен. Во прашуваме што од ова досега направивте? Да не беа новите спортски сали изградени во наше време, децата уште ќе посртуваа во адаптирани училници.

Ветивте изградба на нови спортски објекти, инфраструктура за спортови на вода, како и нови реквизити за индивидуални спортови. Ништо од ова! Како локална самоуправа покажавте дека не сте кадарни да го одржувате она што го наследивте, како многуте игралишта низ градов, не пак да изградите нешто свое.

Градоначалниче ве потсетуваме и на вашите зборови од прес конференцијата одржана пред изборите на локално ниво каде рековте „Изберете го бројот 19, за безбедна иднина на младите, за старт-ап компании, за соодветни плати на успешните млади кадри, за да ги вратиме младите од странство“.

За жал не сите млади луѓе ја имаат привилегијата да бидат ваши внуци или роднини за да се вработат во Локална самоуправа или на други убави работни места. И најважното прашање од нашата прес конференција е, што конкретно вие презедовте за време на ова ваше владеење, зада го оправдате ова ваше ветување?

Наместо безбедна иднина, соодветни плати на успешни млади кадри, враќање на младите од странство, го уназадивте градот во секоја смисла, и економска и естетска. Она што досега успешно го сработивте е успешно вркање на младите во другите држави каде ја бараат својата егзистенција и чесна заработка на парче леб.

Младите се чувствуваат изиграни и разочарани. И токму затоа негативната енергија која ја создадовте со ширење непотизам и апсолутна негрижа за обичниот млад човек, ќе ја почувствуате на следните избори. Затоа што ние младите заслужуваме подобро! Затоа што Прилеп заслужува подобро!“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.