На 15 март управата на Џ.К.Бушидо потпиша професионален договор со една од своите такмичари, која со само 14 години се дрзна да се бори во сениорска конкуренција и успеа да се закити со бронзен медал на Државниот џудо натпревар, што неодамна се одржа во Прилеп.
Младата Малиновска не и е прв пат да изненадува на вакви натпревари. Претходната година се закити со голем број медали од меѓународните и државните натпревари низ балканските земји.