Младата репрезентативка Теа Настоска од Прилеп и’ донесе бронза на Македонија од Балканското џудо првенство во Турција (Фото)

На Балканско Првенство во џудо во Кочаели, Турција, кое вчера и денеска се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација, на првиот ден од настанот освоен е еден бронзен медал.

Во категоријата до 40 кг., репрезентативката Теа Настоска, инаку член на ЏК Сеишин Прилеп освои 3 то место. Истата демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со Балканска бронза, што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани.

Тренерот, кој истовремено е и селектор на кадетската селекција Дејан Мицкоски, како и тренерот во клубот и тренер на кадетската селекција се задоволни со постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток, со оглед дека Теа е прва година кадетка, и пред неа пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.

Покрај Теа од ЏК Сеишин настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. (9 то место), кои прикажаа одлични борби и беа на чекор до борби за медал, но не успеаја да се пласираат на пиедесталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.