Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на Лесновскиот манастир во околината на Пробиштип каде беше пречекан од мноштво млади луѓе.
“Денеска на покана во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаме во Лесновскиот манастир овде во близина на Пробиштип, во близина на Злетово.
Разговараме со младите за реалните општествени и економски проблеми, но и со жителите на Пробиштип и на Злетово околу реалната политичка и економска состојба во државата за сите оние проблеми кои што нормалниот граѓанин, обичниот граѓанин на Република Македонија ги тиштат”, напиша Мицкоски на Фејсбук.