Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија манастирот Трескавец и се запознаа со тековните градежни активности. Фирмата „Кото инженеринг“ од Белград ги обновува опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ и истите работат со полна пареа.
Министерката Милевска во својата изјава посочи дека интензивно се работи на обнова на опожарените конаци кои ќе се обновуваат според изготвениот проект и треба да ја задржат автентичноста.
Според градоначалникот Марјан Ристески, манастирот Трескавец со изградбата на новите конаци се повеќе ќе го зголеми културниот и манастирскиот туризам.
Претставниците од фирмата „Кото инженеринг“ посочија дека имаат големо искуство во реставраторско-конзерваторски работи, обнова на манастири, соработувала и со УНЕСКО и ЕУ.
Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи посочи монахот Калист.