Oткако и Македонија ја погоди историско невреме, со страшни ветрови и дожд, многу медиуми пишуваат за наводна контрола над нашата атмосфера.
Ширум интернетот започнаа да кружат разни фотографии на кои се гледаат чудни формации на облаците и необични појави на небото, кои до сега не биле забележани. Тука е и необичното однесување на молњите и громовите, но и се почестото удирање на громови на улици и ниски објекти (иако по законите на природата громот удира на повисоки локации).
Неколку регионални портали ја пренесоа вест со наслов: “Контрола над времето – Србија и Македонија на удар на HAARP системот”. Иако не е прикажани никакви конкретни докази за ова тврдење, медиумите во глобала пренесуваат вознемирувачки изјави на граѓаните и необични фотографии.
Дали навистина постои контрола над времето, или се работи за нешто друго!?
А.Г.