“Мајмуни” се јавија со реакција за ФК Победа: Време е за акција, народот е револтиран

Навивачката група “Мајмуни” со реакција на социјалните мрежи, а причината за тоа е моменталната состојбата во која се наоѓа ФК Победа, и одлуките кои општинските власти ги носат во врска со клубот.

“На повидок е повторно ГОЛЕМ срам во Фк Победа. Се шпекулираше за некакви промени во клубот и застанување на здрави нозе со приватна фирма и комплетно нова управа.. но и речиси официјално повторно коцките се нсместија на страната на политиката кој нас воопшто не не интересира.Ние уназад година две сме запрепастени од одлуките на оваа локална власт како “добро” и помага на Победа, ветувања секакви … но дали мислите дека ако е тивко на југот се е зсвршено?Дали мислите дека можите сеуште да си правите се што сакате со Победа?! Браќа, ова веќе ги помина сите граници, пробувавме да бидеме тивки и да оставиме да си ја решат акционерите работата која сами си ја направија да не биди чиста. Време е за реакција, нема повеќе да дозволиме да си играат перална за пари со Победа, нема да дозволиме повеќе да владее политиката во Победа. Утре и официјално има промена на преседателското место на Миле Спиркоски негов наследник ќе биде директорот на Водовод Емил”, напишаа од навивачката група на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.