На 23.02.2024г. во 01:10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул. “Орде Тутески”, при што со стаклени предмети бил оштетен излогот и инвентарот во објектот.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.