Македонска машина: Подвигот на Дејан Тодевски кој ќе ве остави со отворена уста

Дејан Тодевски од Скопје е член на планинарското друштво „Македон“ и редовно учествува на планински трки и искачува планински врвови.

Фото/Бојан Павлов

Изминатиот викенд Дејан направи подвиг кој ретко на кого може да му успее. За 24 часа, без спиење, на дожд и планински услови, Дејан 20 пати се трчаше од средно Водно до самиот врв.

“24 h Non-Stop Climbing Finished ! Покрај високата цел која ја зацртав во мислите , успеав да не се предадам. Во еден деноноќен циклус , успеав да поминам 84 км , и да искачам 9600 м. висинска разлика , односно 20 повторувања горе-доле по патеката “Димитар – Цветкова ” на Водно. Надворешните амбиентални услови во текот на ноќта не беа идеални , но суровоста на овој подвиг и онака си дојде до израз. Ќе почекам да заврши процесот на опоравување , а после него следуваат , трки , планински врвови и други лични предизвици. Благодарам на логистичката поддршка која беше од суштинско значење , а и благодарност до оние кој на поинаков начин помогнаа, ова е заеднички успех!”, напиша Дејан на својот Фејсбук профил.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.