Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 34 степени.
Поизразена нестабилност ќе има за време на државниот празник Илинден (четврток) и в петок кога на повеќе места ќе има поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Од сабота се очекува стабилизорање на временската состојба.