“Лидер”: Ординацијата на градоначалникот на Прилеп затворена поради опасност од „Ковид 19“ – вработените изолирани!

Здравствената установа „Ортомедика“ која е во сопственост на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, од вчера превентивно е затвроена, а четворицата вработени се испратени во изолација.

Причината се симптоми кои ги почувствувала медицинската сестра која вчера била и тестирана на корона вирус.

Информацијата за „Лидер“ ја потврди и градоначалникот на Прилеп, кој ни одговори дека веднаш целиот медицински персонал е испратен во изолација.

-Да, точно е, ординацијата е затворена. Двата тимови кои работат таму се испратени во изолација. Денеска ги очекуваме резултатите од медицинската сестра на која вчера и беше земен брис. Од нив ќе зависи какви чекори ќе преземеме понатаму, изјави за „Лидер“ прилепскиот градоначалник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.