Премиерот Зоран Заев ги револтирал посетителите на скијачкиот центар во Маврово.
Имено, се појавил заедно со триесетина негови сопартијци и пријатели и со АТВ-моторчиња се забавувале возејќи се по скијачката стаза – oбјави порталот “Лидер”.
-За да може да се забавува царот со својата свита, од скијачкиот центар ја затворија стазата, па ние кои бевме дојдени специјално за скијање, извисивме за Заев да си го задоволува кеифот. – раскажува за Лидер еден од посетителите.
Посетителите до порталот “Лидер” доставиле и видео придружено со фотографии: