Легендата на светскиот фудбал и неговиот син имаат позитивни тестови, објави фудбалскиот клуб Милан
Кризата со Коронавирусот кулминира во Италија, а и се поголем број на спортисти се зафатени со опасната епидемија, па вечерва и Милан објави дека Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат позитивни тестови.
„Паоло Малдини и неговиот син Даниел имаат Коронавирус. Тие се во добра состојба и веќе две седмици со во изолација, според медицинскиот протокол. Ќе го продолжат карантинот со потполно закрепнување“, објави фудбалскиот клуб Милан на својата интернет страница.
Паоло Малдини е технички директор во Милан, а неговиот син е дел од фудбалскиот погон на италијанскиот гигант.
Вечерва и Пауло Дибала од Јувентус објави дека е позитивен на Коронавирус, исто како и неговата девојка Оријана. Бројот на заразени фудбалери постојано расте во Италија, како и општата статистика на заразени и починати во земјата која е најзагрозена со опасниот вирус.