Советниците на ЛДП и ДОМ во Советот на Град Скопје на денешното гласање му дадоа поддршка на професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ да биде нов Претседател на градскиот совет.
На гласањето, Славески доби поддршка и од мнозинството Советници во највисокиот орган на главниот град кој според претходно направениот коалициски договор го сочинуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица.
Советниците на независната листа на Зелен хуман град гласаа воздржано.
Двајцата советници на коалицијата на Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ потенцираа дека нивната поддршка за Славески е само слика за нивната конструктивност во Советот. Најавија дека во иднина ќе делуваат како независни советници кои првенствено ќе бидат во опозиција