„Ла Верита“: Зоран и Вице Заеви учествувале во купопродажба на гласови на избори

Досие за Заев, омилениот премиер на ЕУ, околу кого се стеснува кругот. Истрага од обвинителството во Скопје: За време на изборите во 2014, Заев бил дел од мрежа за изборни нepeгуларности.

Како што беше истакнато во август по објавувањето на доказите поврзани со случајот „Peкет“, кои придонесоа за пад на владата на социјалистот Зоран Заев, „Ла верита“ продолжи со својата истражувачка активност во потрага по нови случаи кои што би можеле да го потврдат kpиминалното раководење со власта за време на мандатот на екс премиерот.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинителство што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од Зоран Заев.

Тој за време на парламентарните избори во 2014 г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, пишува италијанскиот весник Ла Верита.

Доказите за таквите измами „Ла Вeрита“ ги ги стекнал кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да отпочне судски процес против ocoмничените.

Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за opганизиран kpиминал, не се застарени роковите и за скоро сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот. Во следните денови за да не влијаеме негативно на употребливоста на материјалите кои се сè уште на располагање на обвинителството, ќе објавиме кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Податоците од истражните мерки за делото според релевантни индиции водат кон Зоран Заев, кој според едно видео скоро објавено во Македонија токму во тој период се фалел дека е избран од Европската унија за да ја води земјата во иднина, а тоа ја потврдува нашата теза кажана во минатото, недемантирана ниту од засегнатиот, дека лидерот на социјалистите отсекогаш знаел за нелегалните активности на неговите соработници. Фактот што во 2014 г. македонското обвинителство отворило истрага за Заев, ја зголемува одговорноста на Могерини и на експретседателот на ЕК Јункер, бидејќи го избрале Заев како нивни човек од доверба.

Италијанскиот весник „Ла верита“ наведува дека е чудно што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, според аналитичарите би можело да значи и дека имало паралелен политички договор меѓу тогашната власт и опозицијата – за случајот да се молчи.

На парламентарните избори вo 2014 не победи СДСМ, но во секој случај тој изборен циклус го одбележа почетокот на институционалната криза којашто и ден денес е присутна во Македонија. Без разлика на ветувањата за принципиелна оставка во случај на пораз, Заев остана на неговото место изјавувајќи дека не ги признава изборните резултати и дека сака да го бојкотира новиот парламент, пишува Ла Верита.

Италијанскиот весник анализира дека тогаш почнува тешкото контрирање кон премиерот Груевски и отворената поддршка за Заев од структурите на Сорос, кои го снабдиле претседателот на СДСМ со снимени телефонски разговори.

Исто така Заев имаше и финансиска поддршка сè до своето доаѓање на власт благодарение на криминалната употреба на снимените разговори предадени на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Новата институција се создаде по барање на Могерини за да се легализираат снимените разговори што ги доби Заев. Институција СЈО беше доверена на личност којашто, врз база на доказите претходно објавени од наша страна, сега се наоѓа на суд.

Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата.

Наша желба е документите што ги поседуваме да ја активираат работата на обвинителските институции во Македонија, и како што подвлече новиот унгарски комесар за проширување Оливер Вархеји за време на посетата на Скопје минатата недела, да помогнат на обвинителите да докажат дека се способни да го променат своето делување пред крајот на март.

Комесарот се надева дека дотогаш македонскиот парламент ќе може конечно да подготви закон за jaвно обвинителство доближувајќи го до стандардите на владеењето на правото на западните земји. Тоа би бил вистински чекор напред за влез во Европската унија, еден ден, пишува „Ла верита“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.