Кој стигна ја понижува прилепската гордост “Победа”- денес нова катacтрофа

Нов пораз на прилепска Победа – овој пат на гостински терен во Штип.

Прилепчани повторно поразени, овој пат на гостински терен против Брегалница. Резулатот е разочарувачки, домаќинот славеше со 4-0, а победата ја заокржија уште во првите 10 минути од натпреварот.

Резултатот го отвори Додев во 3-тата минута, а Мојсов прецизно стрелаше во 10-та минута за 2-0. Николов ги руши сите надежи на прилепчани со головите во 61 и 67 минута, а со тоа го постави и конечниот резултат на натпреварот.

Победа руши негативни рекорди. Би рекле дека се работи за пад во формата, меѓутоа прилепскиот прволигаш нанижа 5 порази со ред и со само 13 бода се наоѓа на последното место од табелата. Секако, несметајќи ја Ренова која поради финансиски проблеми не е во состојба да се натпреварува во Првата македонска лига.

Победа е прилепска гордост и се надеваме дека ќе се издигне над овие проблеми. На прилепчани ќе им биде тешко да обезбедат опстанок, но секако поправен тест имаат веќе во сабота на домашен терен против Силекс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.