На само неколку метри од центарот на Прилеп, речиси редовна грда слика од расфрлан отпад, предмети и што ли уште не, секојдневно ги пречекува минувачите.
Депонијата е лоцирана позади зградите лоцирани на булаварот “Гоце Делчев”, а граѓани од овој дел на градот речиси секојдневно ни испраќаат фотографии и се жалат на неажурноста на општинските служби.