Детскиот хор ,,Мали Ангели“ оддржа традиционален летен концерт во големата сала од ЦК ,,Марко Цепенков“, под покровителство на градоначалникот Марјан Ристески и Министерството за култура.
40 деца на возраст од 8 до 14 години под раководство на диригентот Маја Ристеска се претставија со убава програма, преку која потврдаија дека еден ден ќе станат бренд во својата категорија во Македонија.