Денес на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, компанијата Комфи Ангел организираше хуманитарна акција преку распродажба на дел од нивните производи по фабрички цени.
Дел од собраните финансиски средства ќе бидат донирани на посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.
Ова не е прв пат од Комфи Ангел да ја покажат својата општествена одговорност, вакви хуманитарни акции компанијата има организирано во неколку наврати и порано, а ќе го прават тоа и во иднина.
Граѓаните беа присутни во во голем број и со купувањето активно учествуваа во оваа хумана мисија.