Колумна на Крсто Јовановски: “Немиот крик”

Колумна на Крсто Јовановски

НЕМИОТ КРИК

Почитувани мои земјаци, пријатели, Македонци крикот може да биде нечуен, тих, но видлив и слушнат како оној што го наслика: Едвард Мунк, норвешкиот експресионист. Немиот крик е внатрешна психо-патолошка имплозија, ужасна болка на душата, пострашна од било која друга. Страдањето е неиздржливо и води кон самоубиство…

Се сеќавам на претставата “ЕРИГОН” од Ј.Плевнеш во режија на Љ.Георгиевски на сцената во Драмски, далечната 1981 чинам, во еден момент главниот јунак Исидор Солунски вели цитат: “Сретнав еден човек се викаше Арто Антонен Арто …Ја удри стомната со едно камче, а таа се распука по границите на Европа!!! Го прашав зошто никој во Европа не знае да крикне, а тој крикна немо и толку болно”……Завршен цитат…..

Се сеќавате на немиот крик на Мајкл Корлеоне во третиот дел на филмот КУМ, кога му ја yбивaaт ќерката…
И СЕГА ШТО???? Стадото што ги гласаше лордовите на лагата, крадците на животот е втерано во темен, црн мрак како во пеколот.

Работите се извртена, РОЗОВТА пупка се претвори во “билка” месојад, која се храни со човечко месо, лока човечка крв, пот и солзи…Излез нема Чаре нема …

Така е! Се залета стадото по блескав живот за “сите”, жизнерадосно и бесловесно во тој спринт пропадна во црната дупка – Г.Стефановски.

За ова ли ги продадовте Светиите, Возвишеното име, преданието на традицијата на нашите предци, кои честопати ги спомнуваме од немај каде!?

Како “стока” што би рекол Пендаровски сите влегуваме во трлото, а ако некој брав заблее, главниот пастир со крлукот веднаш ќе не замолкне. Патот е трасиран, кланицата на мрожек е спремна….Нема место за гласен КРИК, крлукот тепа по сите, па дури и по тие маалски курнази што хистерично велеа: “НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не храни????”

Каде е чичо СОРОС сега пушта ли нешто пари? Eeeee Отворено oпштество КАДЕ кај ли се скри? Него го нема, но црната чума е тука, светот е заразен одамна, безнадежно… Овчарите го играат својот танц. Наскоро ќе не одерат и ќе не изедат заедно со сите наши сеќавања. Го нема Делчев да ја пропади чумата, сега ја гледаме реалноста. Ветрот може да ја однесе чумата, ама за тоа треба тро ИСКРЕНОСТ, тро ЉУБОВ, тро ЖЕЛБА за СПАСЕНИЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.