Универзитетската професорка Татјана Каракамишева на социјалните мрежи пишува дека според добро упатени извори на вчерашната средба паднал договор за уставното име.
-Според доброупатени извори вчера паднал дефинитивниот договор за нашето уставно и национално име.
РЕПУБЛИКА ГОРНА МАКЕДОНИЈА е дефинитивното решение на кое инсистирале Грците.
Во текот на летниот одмор додека луѓето одмараат, по примерот со Договорот со Бугарија, ќе си помине глатко НАЈГОЛЕМАТА капитулација видена на земјината топка!
Заедно со оваа ујдурма државата ќе капитулира и со официјализацијата на албанскиот јазик, ќе биде објавен и ќе стапи на сила срамниот Закон за јазиците!
НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, ПОДГОТВЕНИ ЛИ СТЕ ЗА КАПИТУЛАЦИЈАТА ДО АНАСАНА?, пишува Каракамишева на Фејсбук.