Како да заштедите на летувањето?

Иако во моменти на опуштеност, тешко е да се воздржите од нагонот за купување и трошење пари некогаш е важно да не се препуштите на стихијата. За многумина годишниот одмор е време во кое трошат повеќе пари отколку што сакаат.

letuvanje

Ви препорачуваме неколку начини како можете да „заштедите“ и на годишниот одмор:

-Патувајте со пријатели – секогаш е поевтино доколку на пат одите повеќе лица.

-Резервирајте евтини летови – букирајте го својот лет преку некоја нискобуџетна авиокомпанија и заштедете пари.

-Во авионот не Ви требаат ниту кафе ниту сендвич – тоа дополнително ќе го платитите доколку летате со авиони на евтините авиокомпании, почекајте да слетате па одете во некој киоск.

-Пронајдете евтино патно осигурување – било какво патно осигурување е подобро од ниту едно. Во тој случај, доколку нешто се случи – ќе имате покриени трошоци.

-Истражете го приватното сместување – немојте веднаш да резервирате хотел.

-Обидете се да изнајмите куќа или апартман, ако одите на подолго време – поевтино е од хотел.

-Размислете за тоа во хотел да преспиете со цимер во соба. И поделете го трошокот напола.

-Поздравете се со мобилниот – немојте да го користите и заштедете на роминг.

-Проверете го својот пасош – доколку наскоро треба да истече, на време извадете нов.

-Пред да тргнете во сопствен аранжман, проверете ги и понудите на туристичките агенции. Ништо не Ве чини, а може да биде поевтино.
Ангажирајте туристички водичи.

-Доколку фатите WI-Fi, јавете се кај семејството преку Wats ap или Вибер.

-Користете страници за споредување на цените на летови и хотели.

-Паметно да ги трошите вашите пари – стиснете на запирачката кога ќе видете дека буџетот Ви се тенчи.

-Доколку патувате повеќемина – купете само еден шампон и паста за заби.

-Симнете ги бесплатните апликации за разгледување на градот.

-Доколку не морате на авион, размислете да заминете со автобус или автомобил. Може да биде поевтино, особено ако одите повеќемина.

-Бидете пофлексибилен! Прилагодете се на се и не лудувајте.

-Патувајте ноќе – не одете на долги автобуски патувања преку ден бидејќи ќе го загубите цел ден, а ќе морате потоа и да платите ноќевање.

-Запознајте се со локалните луѓе кои ќе ве упатат на најевтините ресторани и клубови.

-Доколку сте студент, понесете ја својата студентска картичка или индекс.

-Ако имате време и немате работа, размислете за тоа на патувањето да најдете работа – кој знае животот што Ви подготвува!

-Ранецот на грб и одете каде нозете ве носат. Шаторот од рајот излегол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.