Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. УВ=6
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 25 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.
Продолжува периодот на стабилно, суво и топло време.
Утре на повеќе места ќе има појава на умерена облачност.