“Каизен ММА Акдемија” од Белград ги претстави своите техники пред прилепските борци

14914912_1143054499063695_604445515_n

Во Прилеп се одржа семинар за микс боречки вештини – ММА, каде главен  инструктор беше Марк Лајхнер. Прилепските борци од клубот “Максам Фајт” задоволни од прикажаното при што  имаа што да научат.

14877157_1143053805730431_793957673_n

“Целта на овој семинар беше промоција на ММА спортот, едукација на членови, борци и тренери. Инструкторот Марк Лајхнер презентираше и демонстрираше дел од своето големо искуство. Беа обработени неколку техники, варијации, дрилови, спаринг борби. Семинарот помина во најдобар ред, а учесниците беа задоволни од прикажаното. Ние како организатор и домаќини на семинарот сме презадоволни од гостувањето на Марк Лајхнер и од сите учесници. Договорена е понатамошна тесна соработка со “Каизен Академијата” во Белград. Наши членови-натпреварувачи, тренери, ќе одат на тренинг и обука во Белград, заеднички тренинзи и спаринг борби, припреми за следни борби, а сето тоа ќе се одвива по договор и под водство на инструкторот Марк Лајхнер, кој повторно ќе дојде во Прилеп за следни семинари”, изјавуваат од прилепскиот клуб “Максам Фајт”.

14872533_1143054549063690_873957652_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.