Целта на оваа објава е да ве тргне барем малку од секојдневните политички случувања. Дали ќе има избори кај нас на 5 јули сеуште не знаеме, но веќе знаеме дека раководството на Формула 1 реши да ја започне сезоната на 5 јули, објави „Sky Sports“.
Сезоната ќе стартува со две трки во Австрија, закажани за 5 и 12 јули.
Исто така, навивачите чекаат двојни трки на Силверстон (2 и 9 август).
Покрај тоа, планирани се уште четири трки: во Унгарија (19 јули), Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември).
Осум трки е минималниот број за една сезона да се смета за валидна.
Но, раководството на тркачката серија инсистира на тоа дека имаат намера дополнително да го прошират календарот.