Вечерва Прилеп излезе на најмасовниот граѓански марш “За заедничка Македонија”. Градскиот булевар беше целосно превиен со црвено – жолт превез, а градот ечеше гласот на илјадниците прилепчани кои вечерва застанаа во одбрана на притворениот член на патриотското здружение “Пере Тошев” Диме Христоски – Жабата.
Прилепчани ја чувствуваат потребата да одговорат на одбраната на државата, да се борат за зачувување на националната посебност, на законите и Уставот на државата.
Емотивно се одразија случувањата во четвртокот во македонскиот законодавен дом, кога СДСМ и албанските партии се обидоа да извршат државен удар поставувајќи нелегитимен Претседател на Собранието, а притоа кршејќи низа членови од Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.
Прилепчани побараа државните органи и јавното обвинителство да се погрижат законите да важат подеднакво за сите. Ако сега се притвораат граѓани кои ја бранат државата, истото да се стори со активистите на шарената револуција, кои и покрај тоа што уништуваа општествен имот останаа неказнети.
Прилеп ќе продолжи да чекори по патеката за спас на Македонија, по патеката за еднаквост и рамноправност, прилепчани ќе продолжат да се спротивставуваат на политичкото насилство од страна на трговците со македонските национални симболи и македонската посебност.
Пред прилепчани вечерва се обрати и Горан Стојаноски, член на македонското патриотско здружение “Пере Тошев”.
Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжува и утре, со почеток од 19 часот пред споменикот на “Прилепските бранители”.
A.Г.