“Инфомакс”:ДЕТАЛИ ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО- Ова е наводната причина за приведувањето на Миленко Неделковски

Попладнево од фармата на неговиот брат е приведен новинарот Миленко Неделковски, кој во моментот се наоѓа во полициска станица Градско, од каде ќе биде префрлен во ПС Велес, дознава „Инфомакс“.

Како што дознаваме, Неделковски е задржан во полициска станица поради обвинение за насилство и закани кон високи државни функционери.

Претходно, Неделковски објави на неговата ФБ страница дека на врата дошле полицајци кои се обиделе да го приведат, без притоа да приложат соодветна документација и причина за приведувањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.