Инспиративната животна приказна на Силвестер Сталоне која никого нема да остави рамнодушен: Од згрижувачко семејство, без скршен денар до најголема ѕвезда

Силвестер Сталоне е легендарен филмски актер и идол на повеќе генерации. Денеска има 74 години и богата кариера зад себе, но ни најмалку не било лесно да се дојде до тоа. Неговата животна сторија кај многумина ќе предизвика емоции, а зошто е тоа така прочитајте во продолжение.

Бил мал кога во 50-тите години од минатиот век, заедно со неговите родители се преселиле во Вашингтон, а кратко време потоа тие се разведиле.

Тоа ќе биде причината што во прво време ќе живее во згрижувачки семејства. После некое време ќе биде повторно со мајка му, но и нејзиниот втор сопруг, а ќе живеат во Филаделфија.

За време на раѓањето доктор му го повpeдил нервот на лицето, оставајќи го делумно пapaлизиpaн со проблеми во говорот.

На училиште постојано се мачел и редовно запаѓал во невољи, па затоа бил избркан од 14 различни средни училишта.

Во почетокот на 70-тите години се преселува во Њујорк со цел да се обиде да го оствари својот сон за да стане актер, но добивал само мали улоги.

Бил приморан да работи во Зоолошка градина и да ги чисти кафезите со лавови, како и редар во кино. Бил во таква беспарица, што бил приморан да спие 3 недели на автобуска станица. Еден ден гледал бокс меч кој го инспирирал да напиште филмско сценарио за перспективен боксер.

Останувал буден и по 20 часа и постојано пишувал, па сценариото го завршил за само 3 дена. Во тие моменти од животот се чувствувал “или, или”, или ќе го сработи тој филм, или ќе ограби некого и ќе заврши во затвор.

Кога се обидел да го продаде сценариото, никој не сакал да го купи. Немал пари за храна ниту за своето куче, па морал да го продаде за само 50 долари.

На сметката имал само 106 долари, а жената му била трудна. Најпосле успеал да се запознае со продуценти кои сакале да го купат неговото сценарио, но Сталоне одбил да го продаде без да му дозволат тој да ја глуми главната улога.

Продуцентите сакале вистинска филмска ѕвезда за филмот, а Сталоне чувствувал дека токму тој може да даде се’ од себе и да ја долови улогата на вистински начин.

Продуцентите му понудиле 125.000 долари за сценариото, но тој одбил. Наредната понуда била 250.000 долари, која исто така била одбиена. Следувала уште побогата понуда, но Сталоне и понатаму инсистирал тој да биде главна улога.

Конечно продуцентите попуштиле и го ангажирале Сталоне во филмот кој самиот го напишал, но му исплатиле само мал дел од првичната понуда.

Веднаш штом го продал сценариото, Сталоне отишол и го откупил одново своето куче за 3.000 долари. Неговиот филм “Роки” освои 3 оскари, вклучувајќи го и најважниот за најдобар филм.

Филмовите од серијалот “Роки” досега имаат заработени 1,4 милијарди долари, што ги прави едни од најдобрата франшиза во филмската индустрија на сите времиња.

Во една прилика Сталоне ќе каже:

“Не е прашање колку силен удар можеш да зададеш, туку колку силен удар можеш да примиш и да продолжиш понатаму, така се победува”.

Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте од вашите соништа!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.