Илија Димовски: Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните!

Поранешниот пратеник во македонскоо Собрание, Илија Димовски, на Фејсбук предупредува дека е загрозена уставната еднаквост на граѓанитe.

Го пренесуваме неговиот статус во целост:

– Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните.

Бројки: Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија: 80 се Македонци, 32 се Албанци, 02 се Труци, 02 се Срби, 02 се Бошњаци, 01 е Ром, 01 е Влав

Од 80 пратеници Македонци: 32 гласале ЗА, 48 не гласале; Од 32 пратеници Албанци: 30 гласале ЗА, 02 не гласале; 0д 02 пратеници Турци: 01 гласал ЗА, 01 не гласал; Од 02 пратеници Срби: 01 гласал ЗА, 01 не гласал; Од 02 пратеници Бошњаци: 02 гласале ЗА; Од 01 пратеник Ром: 01 гласал ЗА; Од 01 пратеник Влав: 01 гласал ЗА

Факти: Мнозинството пратеници кои гласале ЗА не се Македонци, од 68 само 32; Мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка на одлуката, од 80, дури 48; Одлуката која се однесува на македонските културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики нема поддршка (ниту формална) од македонскиот народ.

Заклучоци: Загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани; Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право; Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

*Фејсбук статус на Илија Димовски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.