Изостанаа традиционалните манифестации: Македонското знаме на учениците од Прилеп не го красеше плоштадот (ФОТО+ВИДЕО)

Прилеп и Република Македонија денеска празуваат 77 години од почетокот на Народноослободителната борба и антифашистичкото востание.

На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ неможејќи да го издржи теророт на бугарската фашистичка управа, ја започнал својата борба за самобитност и самостојност.

Oваа година на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп изостанаа дел од традиционалните манифестации.

Државното знаме кое повеќе години го формираа учениците од основните училишта, оваа година беше заборавено, а заборавена беше и изложбата на автомобилски олд тајмери, како и изложбата на воена техника од АРМ.

Иако прославата беше громогласно најавена, особено поради присуството на премиерот Зоран Заев и заедничката прослава на Куманово и Прилеп, надлежните ги заборавија настаните кои изминатите години предизвикуваа најголемо внимание кај граѓаните.

Еве како изгледаа овие настани минатата година:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.