Изложбата “Спам” од Илина Арсова утре во Прилеп

Во среда 23 мај 2018 во 13.30 часот во ликовниот салон ќе биде отворена изложбата „Спам“ слики и инсталации од Илина Арсова.

За изложбата

ИЛИНА АРСОВА – „СПАМ“, слики и инсталации
Серија од мали формати 25х25 цм, изработени од колажиран и ликовно трансформиран домашен отпад: текстил, хартија и веќе употребени и дотрајани предмети.

„СПАМ“ доаѓа од отпадното сандаче на непотребни информации и пошта. Во овој случај му даваме нов ликовен лик на отпадот кој инаку го затрупува нашиот ум и домашен простор. Со тие ситници најчесто сме емотивно поврзани и истите претставуваат интимен дел од нашето секојдневие.

Овие новосоздадени дела се во контекст на досегашните ликовни истражувања на тема рециклирање и подигнување на еколошката свест кај народот преку намалување и правилно менаџирање на сопстевиот отпад во полето на дејствување на една индивидуа.

Малите формати се поврзани во една инсталација која може да се менува, секојпат формирајќи поинаква приказна и колоритна игра. На сликите се сретнуваат разни подлоги од искористени материјали, најчесто завршени со сликарска интевенција со боја и цртеж.

Поставката е комплетирана со дополнителни интервенции низ подолг период меѓу 2013 – 2018 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.