ТЕМПИРАНА БОМБА: Езеро кое може да експлодира секоја секунда

Голем облак од јаглероден диоксид се појавил над езерото Ниос и долината што го опкружува во близина на границата на Камерун и Нигерија на 21 август 1986 година. Облакот тогаш уби 1.746 селани од соседното село и повеќе од 3.000 животни.

Иако ова звучи како сценарио на хорор филм, тоа беше особено страшно за сите жители на околните области. Вулканската ерупција што се случила пред 400 години направила огромен кратер, каде што огромна количина јаглероден диоксид се акумулирала во езерото низ вековите.

“Длабоко под површината се создале резервоари на јаглерод диоксид кои се акумулирале во езерото и малку по малку излегуваат на површината”, вели д-р Џорџ Клинг, биолог на Универзитетот во Мичиген.

Проблемот со CO2 е тоа што се собира и “подига” на површината, како во шише полно со газиран сок или какви било газирани пијалоци, додава Клинг, и укажува дека вистинската состојба, односно тој огромен притисок, не може да се види се додека капачето се наоѓа на шишето, а во случајот на езерото капачето е тежината на водата.

“Во моментот кога капачето ќе се тргне, езерото ќе експлодира како шише со газирана течност, кое ќе го отворите откако добро ќе го протресете, а потоа целата нејзина содржина ќе излезе надвор, по што на голема количина на CO2 ќе се ослободи во атмосферата”, објасни Клинг.

Прекинувачот можат да бидат врнежи на дожд или земјотрес, како што се случило во 1986 година, каде што пред инцидентот беа забележани дождови кои предизвикаа лизгање на земјиштето и беа причина за тогашната природна катастрофа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.