Изедете јаболко пред да одите на шопинг, советуваат експертите

За да се открие колку здравиот оброк пред одење во продавница ги поттикнува купувачите да купуваат здрава храна, научниците од британскиот Универзитет Корнел спроведоа експеримент, каде анализирале како тоа што луѓето го јадат пред одење на шопинг влијае на изборот на намирници.

500jabolka

Во текот на истражувањето дојдоа до заклучок дека се зависи од тоа што се јаде пред одење во продавница, пишува „Дејли Мејл“.

Тие кои јаделе колачи пред одење на шопинг, повеќе се склони кон купување повеќе храна со поголема количина на калории, а оние кои јаделе парче јаболко купувале 25 отсто повеќе овошје и зеленчук.

Затоа експерите и прехранбените продавници ги советуваат да ги поттикнат луѓето на здрава хрна и пред влегување во продавница да им понудат парче овошје и зеленчук.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.