Градот Малме е подготвен да ја премести статуата на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, која во повеќе наврати беше ckвepнавена, пренесуваат локалните медиуми.
Статуата сместена пред стадионот во Малме, е неколку пати оштeтeнa, дури и cpyшена, бидејќи навивачите на тој фудбалски клуб се лути поради ангажманот на Ибрахимовиќ во Хамарби.
Весникот “Сидсвенскан” наведе дека третиот најголем град во Шведска е подготвен во понеделник да одлучи за преместувањето на статуата до крајот на годината.
Сепак, извршниот директор на клубод Никлас Карлнен изјави дека не е запознат со плановите на градот и дека не сака да коментира за тоа.
Бронзената статуа на вајарот Петер Линд е тешка 500 клограми и висока 3 метри, а откриена беше во октомври во чест на најдобриот шведски фудбалер на сите времиња.
Статуата чинела половина милион шведски круни, а годишно се трошат уште по 15.000 круни за одржување и тоа го плаќа градот Малме.
Статуата беше повеќе пати вандализиpaна. На неа се пишуваа навредливи пораки, а оштетени се носот и знакот кој се наоѓа пред неа.
Baндализмот започна кога Златан стана еден од сопствениците во Хамарби, клубот од Стокхолм, еден од лутите ривали на Малме.