Реал Мадрид е сериозен во намерата во зимскиот преоден рок да го ангажира искусниот Златан Ибрахимовиќ.
Кралскиот клуб сака да ги освежи своите напаѓачки редови, затоа што има сериозен проблем со реализацијата откако тимот го напушти Кристијано Роналдо.
“Реал се бори со реализацијата оваа сезона. Со заминувањето на Роналдо, Реал заостанува со цели 50 погодоци”, пренесува шпанскиот весник “Спорт”.
Главна мета на кралскиот клуб сега е Швеѓанецот.
Популарниот Ибракадабра претходно играше и за Барселона, најголемиот ривал на “кралевите”, па евентуалното доаѓање во Мадрид, со сигурност ќе предизвика ерупција кај медиумите.
Реал оваа сезона на 12 утакмици има постигнато 20 погодоци, што е дури за 14 помалку од Барса.