“Знамето е симбол на една нација, а за тоа и се гине” – Најдобриот политички спот што некогаш се појавил (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера победи на предвремените претседателски избори во Турција и тоа во првиот изборен круг, а неговата партија освои над 45% од гласовите на парламентарните избори, кои исто така се одржаа.

Ердоган успеа да го надмине прагот од 50% и ќе ја води Турција и во наредните години.

Изборите во Турција докажаа дека нацијата и понатаму верува во Ердоган и неговата партија, иако доста се шпекулираше дека тој нема да победи во првиот круг на изборите, и ќе мора да излезе во втор круг, што според некои светски медиуми ќе значеше разнишување на неговата надмоќ и стабилност.

Во продолжение ве потсетуваме на еден од најмоќните политички спотови кој некогаш се појавил, а беше користен во претседателската трка за изборите во 2014 година.

Пораката е уште помоќна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.