Попладнево во Прилеп кај детската градинка сместена во кругот на работничкиот универзитет “Пере Тошев” се појавила змија.
Фотографиите се споделуваат на социјалните мрежи, а според информацијата змијата излегла од напуштена разурната куќа во близина на градинката.
Местото е недалеку од центарот на Прилеп, а граѓаните бараат од општина Прилеп или од сопствениците да го расчистат просторот со цел да не се случи да се појават уште повеќе рептили.
Не е познато од каков вид е змијата, но според фотографиите истата е со должина повеќе од еден метар.