За прв пат трите населени места Мало и Големо Коњари и Канатларци ќе добијат канализационен систем

3

Градоначалникот Ристески ги посети овие населени места каде во тек се активностите околу доизградбата на канализационите мрежи.
Во Мало Коњари комплетно е изградена примарната канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески истакна дека со дополнителни 120 илјади евра средства од ИПА програмата ќе се работи на секундарната мрежа а ќе се направи и пречистителна и препумпна станица.
Исто така во фаза на изградба е канализациона мрежа и пречистителната станица во населеното места Големо Коњари за чија изведба обезбедени се 260 илјади евра од Министерството за транспорт и врски. Планирано е во ова населено место оваа година да биде асфалтирана и една од најфрекфентните улици „Албанија“, изградба на плоштад и отворање на нова градинка, истакна во својата изјава градоначалникот Ристески.
Во тек се градежните активности околу изградба на канализациона мрежа и во населеното место Канатларци каде еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со одведување на фекалните води.
Градоначалникот Ристески истакна дека Општина Прилеп посветено работи на изработка на проекти за изградба на канализација со кои би аплицирала за добивање на средства од расположливите фондови и за останатите населени места.

[Best_Wordpress_Gallery id=”29″ gal_title=”Неколку населени места ќе добијат канализација”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.