За Велигден дома: Граѓаните ќе го дочекаат Христовото Воскресение во карантин

Министерот Венко Филипче на вчерашната прес конференција најави дека за велигденските празници движењето ќе биде ограничено исто како за викенди, односно граѓаните ќе бидат во целосен карантин.

За време на верските празници кои се пред нас, министерот Венко Филипче рече дека ќе важи целосна рестрикција во движењето.

„ Сметаме дека за време на тие празници, за време на такви собири, многу тешко доколку има дозволено движење ќе може да се исконтролира, така да, ставот ќе биде да важат истите мерки како и за викенд“, изјави министерот Филипче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.