Со дефилето на повеќе групни маски, од ученици од прилепските училишта и градинки, жонглери, акробати и коловнови, денеска на плоштадот „Методија Андонов-Ченто, во центарот на градот се одржа Детскиот карневал, како претходница на утрешното издание на 16-то издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2017“.
Карневалот „Прочка 2017“, веќе прераснува во бренд за Прилеп и Република Македонија. Хотелските капацитете веќе се преполни во очкување на утрешниот ден. Утрешниот карневалски ден започнува во 13 часот, а дефилето на маските ќе започне од ЦК „Марко Цепенков.
Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика.