Замислете:”Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба”

Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција, пренесува порталот Република.

Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки.

“Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација”, изјави Спасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.