Податоците за нивото на водата на Преспанското Езеро се добиваат и се анализираат од хидролошката станица во Стење, како и мониторинг-станицата во истото место.
Денес нивото на водата во Преспанско Езери е намалено за околу 313 см. Мерењето на нивото на водата се врши со водомерна летва со нула на кота 847,68 метри надморска височина, и согласно тие податоци се забележува дека почнувајќи од 1987 година нивото на водата во континуитет се намалува.
Максималното спуштање е регистрирано во периодот 2007 – 2008 година и изнесувал 493 см (842,75 м) под нулата на водомерната летва, потоа во периодот од 1951 до 1963 нивото на водата осцилира на релативно високо ниво (околу 850 м), а по 1975 година нивото на водата првпат се намалува драстично.
Од истражените податоци се дознава дека намалувањето на нивото на водата на езерото се движи постепено и континуирано, па така во 2016 година во мај водостојот бил намален за 110 сантиметри, тој тренд продолжил до првата половина на 2017 година, додека во август 2018 година висината на водата била намалена за 166 см, за денес нивото на водата во Преспанско Езеро е намалено за околу 313 сантиметри.
Трендот на деградација на езерото мора да запре За да запре трендот на деградација на Преспанското Езеро, постепено се обновуваат природните функции на езерото, а забележано е големо подобрување на квалитетот на водата.