Забранет влез за трезни: Отворен првиот бар за пијани луѓе

studenti-pijani-foto-thinkstock-1450913492-810523

Во Амстердам е отворен првиот „бар за мамурлак“, ќе работи од петок до недела, а за да влезете потребно е да пројдете на алко тест.

На влезот на иновативниот ланч бар ќе ве дочекаат „инспектори“ кој со алко тест ќе проверат дали имате алкохол во крвта, а ако влезете ве чека се она што е потребно за добар одмор од пиењето, како што се витамини, игри, телевизија во кревет, свеж воздух.

-Добар душек, добра храна, забава и многу витамини е се што ви треба за добар одмор од пиењето, вели Џоп Вербунт, еден од мозоците на овој проект.

Мора да се напомене дека во овој бар не се точи алкохол.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.