Ердоган најави БОЈКОТ на “Ајфон”: “Ако тие го имаат Ајфон, постои Самсунг на другата страна”

Tурскиот претседател Ердоган порача дека Турција ќе воведе бојкот кон американските електрични уреди, вклучувајќи “Ајфон” и сите други уреди на “Ејпл”.

Зборувајќи на симпозиумот во Анкара, Ердоган порача дека турските бизнисмени треба да продолжат да произведуваат и да ги извезуваат производите. Тој додаде дека ќе следат санкции за американските електронски уреди.

“Ако тие го имаат “Ајфон”, постои “Самсунг” на другата страна. Исто така имаме сопствени телефонски брендови”, рекол Ердоган.

“Ќе произведуваме доволно за нас. Мораме да правиме подобри производи од тие кои ги увезуваме од нив”, додал турскиот претседател.

Економската “војна” помеѓу САД и Турција продолжува…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.