ЕПП: Ќе продолжиме да ги поддржуваме сестринските партии, да престане финансирањето на нестабилност со соросови пари во Македонија

На Конгресот на Европската Народна партија се дискутираше за предизвиците на Балканот и негова брза интеграција во Европската Унија. Во име на Европската народна партија се обрати и солвенечкиот политички лидер Јанез Јанша, кој даде поддршка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Тој изјави дека Европската народна партија секогаш ќе продолжи со поддршка на сестринските партии и дека недозовливо е примена на селективна правда и финансирање на нестабилност со соросови пари како што е случајот во Македонија.

 

kongres-malta-640x355

– Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија, изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.

 

Инаку, на Когресот во Малта се усвојуваат повеќе резолуции и декларација. Една од нив е и документот “Европа ја обезбедува иднината” во кој е вклучен и Западниот Балкан. Во оваа резолуција изрично стои дека државите од Западниот Балкан во кој спаѓа и Македонија мора да бидат интегрирани во Европската Унија.

-Скорешната историја ни дава посебна одговорност за Западниот балкан. Единствено интеграција во ЕУ може да обезбеди сигурност од конфликтност и дезинтеграција, стои во резолуцијата. Понатаму се вели дека целосно членство во Европската Унија не значи само партнерство туку и градење на други форми на соработка од сестран карактер со кој ќе се зацврсти и самата унија.

Исто така се носи и резолуција во која се критикува и осудува руското мешање во европските држави преку пропаганда, дезинформирање вклучувајќи медиуми, дипломатија, бизнис секторот. Во резолуијата се вели дека Европската народна партија е за добрососедска политика вклучително и русија, но нема да се дозволи руско мешање во политиките на Европската Унија.

На самитот во Малта учествува и делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Присуството на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи за остварување билатерални средби и разговори со повеќе политичари кои се дел од семејството на Европската народна партија која е највлијателна сила во Европската Унија.

Тој оствари средба со унгараскиот премиер Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта,  претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Шмид , со Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

По средбите Груевски изјави, деновиве заедно со партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ сум присутен во Малта пред се поради Конгресот на Европската Народна партија каде сме асоцијативни членки, но и поради билатерални средби со многумина политичари пред почетокот на работа на Конгресот, но и за време на конгресот, и веројатно ќе има средби до крајот и завршувањето на Конгресот. Се обидуваме секаде каде можеме да лобираме за Република Македонија за државните и национални интереси. Многу е значајно кога ќе им се каже од прва рака на присутните она што е важно за Република Македонија и за нејзината иднина, напредок, евроатланските интеграции и интереси. Истовремено информираме за се она што се случи во Република Македонија на политички план и се она со што народот, граѓаните на Република Македонија се соочуваат во овој период. Има луѓе кои не се запознати со случувањата и потребно е некој да ги информира и објасни. Нашето присуство е важно за лобирање за стратешките интереси на државата, но и за актуелната политичка ситуација, изјавил Груевски.

Денес продолжува вториот ден од конгресот и самитот во Малта.

 

 

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.