Економското училиште повторно со постигнати награди

15608399_10208541330196012_2050169079_o

Учениците од економското училиште “Kузман Јосифоски-Питу”, повторно се закитија со награди на литературниот конкурс организиран од Клубот на литературните творци на град Прилеп по повод Св.Никола-патрон на градот.

Учениците се натпреваруваа во две категории, и тоа: најдобра лична творба ( поезија) и најдобра лична творба (проза).

Освоени се неколку втори и неколку трети награди  во двете категории од страна на ученичките: Михаела Ржаникоска, Викторија Цветаноска, Христина Нунеска, Тамара Мирческа и Сара Тасеска-ученички од прва и втора година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“.

15555819_10208542131616047_2136380342_n

Среќни на успесите на ученичките се и нивните менторки, професорките по Македонски јазик и литература: Соња Мирческа и Цеца Видова-Трајческа.

Настанот се одржа во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп.

15540258_10208541330796027_19648949_o




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.